Маршал Тито бр. 56 Струмица info@ourwedding.mk

Зошто ја започнав Ourwedding.mk

и што сакам да создадам во Македонија

500+

Свадби

20

Години

1000+

Парови

8

Среќа

Како свадбен фотограф многу често при средба со нашите клиенти, идни парови кои ќе прават свадба, дали локално или свадба во Македонија општо, наидувам на ситуации каде тие бараат совет, искуство, мислење. Або пак, бараат да им дадеме информации за фирми кои нудат одредени свадбени услуги или производи.

Тие планирале една музичка група или бенд, ги контактирале ама се зафатени, па:

„Кажете ни добра музика за нашата свадба, музичката група која ја планиравме е зафатена, а не знаеме друга. Можете ли да ни дадете информации, контакти од друга музичка група или бенд?”

Па, ние споделуваме за искуства кои ги имаме со други музички групи, покажуваме видео материјали од нивниот настап на одредена свадба. Но, кога сакаме да најдеме контакт од нив, не можеме да дојдеме до истиот. Нема доволно информации.

Други пак наши клиенти, идни млади кои организираат свадба, имаат договорено ресторан за свадба, имаат договорено свадбена музика или бенд, имаат одберено невестински фустан и одело, ама го прашуваат следново:

„Договоривме речиси се, но сепак не интересира да најдеме кетеринг. Сакаме да најдеме фирма која врши декорирање за дома. Гледаме дека на некои свадби има коктели на прием или на матичното. Видовме интересна свадбена ретро кола. Имате ли информации за добра фирма или да ни дадете контакти?”

Трети пак, иако имаат договорено речиси се, со нив дискутираме на други теми. Дека постојат мали финеси кои би ја збогатиле нивната свадба.

Дека убаво е да се има хор на венчавка, или убаво е да се има музика за прием, или музика за време на матичното кое е планирано да е во кругот на ресторанот.

Или дека постојат многу мали нешта кои може да ја направат нивната свадба многу поинтересна и посебна.

Од целото тоа искуство преку тие состаноци со парови кои планираат свадба, а и од средбите после свадбата , воочив дека во Македонија:

1

Паровите имаат многу недостатоци при организацијата – немаат соодветно место кое ќе ги води , кое ќе им даде совет, каде ќе видат како да ја организират свадбата.

2

Се нема доверлив извор на информации и податоци за фирми кои нудат свадбени услуги или производи.

3

Фирмите пак немаат центализирана платформа каде би ги презентирале своите услуги или производи.

Па согледувајќи го ова, се роди идејата да се креира вакво место.

Со Наша Свадба или Our Wedding, ќе се потрудиме да решиме многу од проблемите со кои се соочуваат идните парови при организацијата на свадба во Македонија.

Нашиот проект не е само обичен Директориум за фирми, ами место кое ќе порасне во центар на Свадбената индустрија во Македонија.

Во периодот кој следи ќе споделувам реални проблеми и решенија на истите, соберени со 20 годишното искуство како свадбен фотограф.

Овде ќе најдете најразлични совети, идеи, инспирации за Вашата свадба.

Се надеваме дека ќе станеме дел од Вашиот живот и ќе бидеме дел од Вашата среќа.

Миле Спасов

свадбен фотограф и основач на платформата Наша Свадба – Our Wedding

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.