Маршал Тито бр. 56 Струмица info@ourwedding.mk

За младоженецот

Се што е потребно за да бидете младоженецот од соништата

Одела и додатоци

Погледни ја листата на продавници за одела и додатоци и пронајди ја твојата!

Пребарувај
Осветлување и ефекти - Our WEdding

Одела и и додатоци по региони

Обувки

Блесни на твојот посебен ден! Избери обувки од најснабдените продавници во Македонија!

Пребарувај
Осветлување и ефекти - Our WEdding

Продавници за обувки по региони

Машка убавина

Избери ги најдобрите професионалци во професијата и изгледајте грандиозно на вашиот ден.

Пребарувај
Осветлување и ефекти - Our WEdding

Машка убавина по региони

Совети за избор на сè што е потребно за еден младоженец

Изборот на свечено одело, чевли, аксесоари и фризура е важен момент кој ќе го паметите цел живот. Секој младоженец сака на својот голем ден да се чувствува уверено и стилски.

Почнете да барате свечено одело навреме. Најдобро е 6-9 месеци пред свадбата да почнете со разгледување и проби. Изборот на вистински крој, материјали и детали е клучен за совршен изглед. Ако веќе имате идеја што сакате, не губете време и направете го вистинскиот избор.

Најдете инспирација и откријте што најмногу ви одговара. На нашата платформа можете да најдете брендови и кројачи кои нудат рачна изработка според вашиот вкус и потреби. Одберете одело во кое ќе се чувствувате комфорно и ќе ја отсликува вашата личност.

Одлучете дали сакате да носите рачно изработено одело или од бренд. Постојат многу ателјеа и продавници за свечени машки одела каде можете да разгледате и дефинирате што е најдобро за вас.

Закажете средба за проба. Многу ателјеа работат со закажување на проби, каде што можете да направите измени во дизајнот и да се консултирате со експертите. Овој процес е важен за да го добиете оделото со кое ќе блескате.

Изберете фризура и стилист. Исто така, на нашата платформа можете да најдете професионалци за машка фризура и нега кои ќе ви помогнат да ја довршите вашата слика за големиот ден.

Избор на аксесоари. Кравата, манжетните, часовникот и другите детали треба да се усогласат со целокупниот изглед и да го истакнат вашиот стил.

Најдобрите експерти за мода и убавина за младоженецот

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.