Категории
Верени сте - што е следно?
Фотографија: Art Production
Го добивте прстенот, официјлано сте верени и се очекува да се направи свадба. Но, незнаете како да го започнете планирањето, како да го исполните вашиот голем сон.
Од самиот почеток, од кажувањето на судбоносното „Да“, овде е се што треба да се знае при планирањето на една свадба.
Интересни моменти се пред вас!
На нашата платформа со креирање на профил за Вас направивме личен планер кој ќе ви биде од голема полза во организирањето на Вашата свадба. Опишани се сите чекори во хронолошки редослед и поделени во категории за полесно следење.
Може да додавате и задачи во ваш редослед , за да ги имате на увид сите важни моменти при
планирањето.
Фотографија: Николенко Студио
Штом сте веќе верени , најбитно како прво е да ја известите вашата фамилија и блиските роднини и пријатели. Свадбата е на видик.
Во планирање на една свадба најбитно е т.н. златно тројство:
- Свадбена локација
- Музика
- Фотографија и видео
Многу често при планирање идните младоженци ја прават најголемата грешка. Одредуваат дата за својата свадба без да се базираат на ова златно тројство.
Што значи ова?
Се одбира одредена свадбена локација, се резервира дата, и после започнуваат проблемите!
Ја контактираме посакуваната музика, фотограф или фото студио и за жал тие се веќе зафатени.
На сите идни младоженци би им го дал следниот совет:
Направете си листа од минимум посакувани 2 свадбени локации, 2 музики, 2 фотографи (фото студија). Земете потенцијални слободни дати од сите 3 категории и така најдобро ќе ја дефинирате датата за својата свадба.
Ова го пишувам од споделени искуства од младоженци кои ја имаат направено оваа грешка.
Резервирале дата во свадбена локација, ја контактират поскакуваната музика и е зафатена, го контактират фотографот, и тој е зафатен. Нај непоскаувана варијанта е да одберете некој давател на услуга од немање на друг избор.
Фотографија: Perfect Wedding Studio
Свадбена локација.
Кажавме, како прв чекор е да се разгледаат Свадбени локации. Дали сакаме ресторан, хотел, свадба на отворено, свадбена вила, свадба на плажа, рурално, на планина и слично.
Во свадбена сезона, обично доцна пролет, лето и рана есен, има голем интерес за свадбени локации. Па, затоа и изборот на свадбена локација е на првото место при планирање.
Направете состаноци со посакуваните локации, разгледајте го амбиентот, услугата, менито, земете потенцијални слободни дати.
На нашата платформа може да се разгледаат портфолиа на одредени свадбени локации.
Локација: „МОНА ЛИЗА“ – Радово
Музика: Ike de Koka
Музика
На второ место при планирање на свадба од истите причини поради зголемен интерес во свадбена сезона е изборот на музика без разлика дали станува збор за музика за забавата во свадбената локација, музика за денски традиционален дел, музика за прием, коктел, церемонија …
Одберете си посакувани музички групи, направете средби, разговарајте, земете потенцијални слободни дати.
Фотогарфија и видео
Третото и исто битно е изборот на фотограф или фото студио. Како и погоре опишаните и овде важат истите правила. Закажете состаноци, разгледајте понуди и опции. Земете потенцијални слободни дати.
Фотографија и видео: МИХАИЛОВ Фото & Видео
Откако ќе ги дефинирате сите од т.н. златно тројство, ја дефинирате датата на Вашата свадба и може да започнете и со планирање на другите услуги.
Изборот на невестински фустан и одело на младоженецот исто се битен елемент во организацијата на Вашата свадба.
Бутик: Ivory Bridal
Разгледајте ги сите категории на даватели на услуги или производи за Вашата свадба, ќе добиете идеи и инспирации.
Ве очекува едно уникатно искуство во планирање, организација и реализација на Вашата свадба.