ДПТУ СПАСОВИ ГРУП ДОО Струмица
со адреса ул. Маршал Тито бр. 56 Струмица
и ЕДБМК 4027018528843
основано 22.06.2018 година
е сопственик на платформата Ourwedding.mk
Условите за користење даваат опис на правилата и условите за кои ( ДПТУ Спасови Груп ДОО, понатаму насловени како ourwedding.mk, ние или платформата ) ја прават достапна на крајните корисници (дефинирани подолу).
Овие Услови се однесуваат за целата Платформа, веб страна, веб продавница, свадбен сајт, социјални мрежи и други кои се во наша сопственост или ќе бидат, а се дел од ourwedding.mk, понатаму насловени како УСЛУГИ.
Прифаќање на Условите
Со користење и пристапување на ourwedding.mk или на сите други Услуги кои се приложени, Вие потврдувате дека ги прифаќате „Услови за користење на услугата“ и „Политика за заштита на личните податоци“ приложени од наша страна . Доколку не се согласувате со истите ве замолуваме да не ги користите нашите Услуги.
Дадени услуги или производи кои ги користите од ourwedding.mk или ги преземете во форма на текст, купон за попуст, промоција, исто се опфатени со нашите услови за користење.
При користење на нашата веб продавница каде можеби дел од производите и услугите се прават од трети правни или физички лица исто важат овие Услови за користење.
Ние го задржуваме правото да овие Услови на користење на услугата ги менуваме периодично без да бидете известени за тоа . Па, при повторно користење на нашите Услуги може понекогаш да има измени.
Посетители, корисници, соработници и креатори
Преку нашите УСЛУГИ ние креираме заедница и место за презентирање и продажба на производи и услуги за целата свадбена индустрија. Нашите услуги се достапни за Правни лица и физички лица постари од 18 години.
ПОСЕТИТЕЛИ – се сите идни млади, невеста или младоженец, свадбени гости или други лица кои ја посетуваат нашата платформа или сите другите Услуги кои се во наша сопственост.
КОРИСНИЦИ – се сите идни млади, невеста или младоженец, свадбени гости или други лица кои влегуваат на нашата платформа или веб продавница и притоа регистрираат профил со своите лични информации, име и презиме, електронска пошта, адреса и друго.
СОРАБОТНИЦИ – Се сите правни и физички лица кои нудат, презентираат или продаваат услуги и производи преку нашата платформа и другите наши Услуги, со креирање на бизнис профил на нашата платформа.
КРЕАТОРИ – се сите правни и физички лица (Корисници или Соработници), младоженец или невеста, други трети лица (правни или физички), кои креираат материјали, содржини, фотографии, постови, текстови и друго, за потребите на ourwedding.mk и другите Услуги ,и тоа за објави во Реални свадби – Блог, блог пост – во Идеи, материјали за социјални мрежи и друго.
Овие креатори може да се платени или неплатени за нивната активност, или да имаат одреден бенефит, или заеднички интерес со нас. Односот на секој Креатор со нас е посебен договор за кој важат и овие Услови за користење на услугите, како и посебни Правила и Улови кои се дефинирани со секој посебно и претставуваат посебен договор.
Посетители и корисници
Одредени делови во нашата платформа и Услуги имаат опција да посетителите и корисниците имаат директен контакт со нашите Соработници кои промовираат, продаваат услуги или производи, или да директно букираат одредена услуга приложена од страна на Соработник.
Како посетител или корисник сакаме да бидете информирани дека ние ги верификуваме сите наши соработници преку нивната регистрација, но не можеме да гарантираме за нивниот идентитет, за нивната законитост или начин на работа. Не правиме препорака на Соработници и не гарантираме за квалитетот на нивните производи или услуги.
Вие ги користите нашите Услуги како стартна точка во вашето планирање за свадбени услуги или производи, и треба да си направите дополнително истражување за фирмата или поединецот кој сакате да го ангажирате или купите производ од него.
Сите Корисници имаат алатки на нашата платформа кои може да им помогнат во организацијата и планирањето на нивната свадба, го следат нивниот буџет, прават листа на гости, свадбен сајт, купат одредени производи и слично.
Соработници
Доколку ги прифаќате нашите Услови за користење на услугите вие се обврзувате дека внесените податоци и информации за вашиот профил се точни и дека вие сте вистинските претставници на одреден правен субјект, бренд или давател на услуга.
Како Соработник вие треба да сте свесни дека ние не даваме директна препорака на Корисниците на вашите услуги или производи, ниту дека ние ќе ви договараме одредени ангажмани.
Како Соработник, вашите информации на профилот треба да се точни и вистинити, и доколку има измени треба да не известите и да ги промените во вашиот профил со доставување на потребни информации или документи (доколку има потреба од тоа) на пример за промена на име, промена на сопственик и слично.
Ние ви нудиме повеќе пакети на услуги како наши Соработници, и тоа Основен, Стандарден и Премиум пакети кои имаат стартна цена . Крајната цена на услугите кои ви ги нудиме се дефинираат според вашата потреба за прикажување на Регион, избраниот дополнителен маркетинг, пресметан на месечно ниво, ама наплатен како годишна обврска.
Како Соработник, може да побарате и дополнителна услуга која нема да е дел од избраниот Пакет, и таа се фактурира дополнително.
Доколку сте нов Соработник, ние може да ви понудиме и 3 до 6 месечен бесплатен период но со обврзувачки договор за една година.
Исто ние може да ги промениме условите на пакетите кон вас, но нема да влијаат на моменталната договорена услуга и обврска кон нас.
Пред завршеток на договорените 12 месеци за користење на Услугите, ние имаме обврска да ве контактираме за продолжување на вашиот профил и соработка со нас.
Како Соработник се обврзувате дека на наше барање сте должни да доставите материјали, фотографии, видеа, содржини, текстови и друго потребни за исполнување на нашите обврски кон вас за договорен пакет на услуга или маркетинг услуга на нашите Услуги.
За секој Соработник во негов интерес е да благовремено одговара на овие наши барања и на тој начин најдобро го презентира неговиот бизнис, производ или услуга.
Креатори
Одредени Соработници може да имаат и својство на Креатори. Ова се однесува на делот на Соработници – Услуги – Фотографија и Видео, и зависно од одбраниот пакет на услуга од нас, поточно Стандард или Премиум пакетите, може да креираат објави во Реални Свадби каде може да се линкуваат профили на Други Соработници кои биле дел од таа свадбена прослава или услуга.
Вакви Креатори може да бидат и други Соработници, но со претходна согласност од наша страна за објавување во Реални свадби или блог пост во Идеи.
Креатори може да бидат и други правни и физички лица, трети лица, кои не се дел од нашата платформа или Услуги, ама креираат содржини со кои имаме заемен интерес, платено или неплатено.
За Услугите и корисниците на услугите
Вие како посетител или корисник, треба да сте запознаени дека ние функционираме како платформа и дека не сме директно вклучени за договарање и продавање на услуги или производи (освен на нашата веб продавница ) ами како средина за презентација на производите и услугите на Соработниците. Значи ние не сме одговорни за никакви трансакции на средства помеѓу Корисник и Соработник.
Ние немаме никаква контрола врз Соработниците за нивната работа и нивните производи или услуги.
Недискриминирачка политика
Сите наши Посетители, Корисници, Соработници и Креатори (последователно – Членови) при користење на нашите Услуги да не вршат дискриминирање врз основа на пол, вера, нација, физичка и здравствена состојба, возраст, сексуална ориентација и слично .
Нашите Членови се должни да користат коректен и морален јазик за комуникација, и да нема вулгарно и дрско однесување и комуникација.
Го задржуваме правото да доколку имаме жалба за дрско, некултурно однесување и комуникација, како и за било каква дискриминација да го суспендираме профилот на било кој Член.
Секој кој ќе увиди вакво однесување може да не контактира и да поднесе претставка и ќе се преземат соодветни мерки.
Локации и региони на Услугата
Ние работиме и нашите канцеларии се во Струмица, и за нашите Услуги важат сите Трговски, Стопански, Економски и други закони кои се на сила во Р. С. Македонија.
Нашите Услуги се за користење од Членови за територијата на Р.С. Македонија и доколку пристапувате од друга држава може за вас да важат локални закони и уредби.
Р. С. Македонија е поделена н 8 Региони и за одредени Соработници можно е нивните услуги и производи да бидат презентирани само на одредени Региони и градови, зависно според одбраниот пакет на услуга.
Профили, Лозинки и Сигурност
За да пристапите кон одредени функции или делови на нашите Услуги, потребно е да регистрирате профил, обврзувајки се да таму внесете точни и вистинити материјали и информации за себе или бизнисот.
Тие информации ги пополнувате во формата која ја има платформата или веб продавницата, а при секоја промена на вашите информации должни сте да ги ажурирате.
Одредени делови од нашата платформа функционираат единствено со регистриран профил со ваше име и презиме, емаил и контакт број, како и адреса. Ве советуваме да си ги заштитите информациите за најава и ние не сносиме никаква одговорност за никаква штета или загуба која може да произлезе заради ваш неуспех да ги заштитите истите.
Политика за заштита на лични податоци
Ова се однесува за тоа како ние постапуваме со информациите кои ги користите при регистрирање на профил на нашата платформа или веб продавница. Овие информации претставуваат лични податоци по закон, па ве замолуваме да го погледнете делот за Политика за заштита на лични податоци, кој е опишан во посебен дел.
Правила за користење на Услугите
При користење на Услугите се обврзувате дека ќе се придржувате на сите законски и договорени обврски према нас и дека ќе ги почитувате и ќе се придржувате на правилата кои се наведени подолу.
Корисници на Услугата
Како корисник на Услугата вие се обврзувате дека:
- Нема да креирате профил како друго лице или правен субјект, не креирате повеќе профили, не користите профил на друго лице или да имитирате профил на друго лице.
- Нема да ги користите Услугите за некоја незаконска активност или цел, или барате исполнување на некоја незаконска активност, со што би ги повредиле нашите права или правата на други лица.
- Нема да попречувате други корисници да ги користат нашите Услуги.
- Нема да користите било какво прибирање на информации за Членови (софтверски или мануелно), без да ви дадеме согласност за истото.
- Нема да пробувате да го заобиколите, злоупотребите системот за да прибирате податоци и информации за Членовите.
- Нема да преземате било каква акција која може да го оптерети системот со преголем број на барања за понуди.
- Нема да ги користите Услугите за да стекнете било каква информација која е прикажана преку Услугите за да може да се злоупотреби или продаде на трети лица.
- Нема да фалсификувате или манипулирате со информации и материјали, приложени во нашите Услуги.
- Нема да ги користите Услугите да испраќате spam пораки или пораки со други несакани содржини.
Соработници на Услугите
Како Соработник освен горе наведените се согласувате уште и на следново, дека:
- Нема да прекршувате закони и законски одредби со користењето на нашите Услуги и со промовирањето на вашите услуги или производи.
- Нема да користите промотивен текст или препораки во вашата ковер или профил фотографија на профилот.
- Нема да предомислувате или обесхрабрите Член да не ги користи производите или услугите на друг Соработник.
- Нема да пренасочувате наши корисници кон други правни или физички лица кои не се дел од нашата заедница на Соработници и Членови.
- Дека ќе доставате материјали и содржини за користење и исполнување на нашите обврски кон нас.
- Дека ќе ги подмирувате вашите обврски кон нас непречено и во договорено време.
Го задржуваме правото да суспендираме и отстраниме профил на Член кој нема да се придржува на овие правила.
Политика на контрола на информациите и материјалите на профилите
Ние го задржуваме правото при креирање на профил на Член (Корисник, Соработник или Креатор) да извршиме преглед на сите информации и материјали пред да го активираме вашиот профил. На овој начин се заштитуваме од јавно пласирање на несоодветни материјали.
Истото важи и за пишување на Мислења за одреден Соработник. Вршиме преглед на Мислењата заради да не се пласираат јавно вулгарни коментари, навреди или било каков некултурен или дискриминирачки говор и текст.
Доколку имате прашања за ваквата наша политика, контактирајте нѐ.
Критериуми за објавување:
Ние ќе ви објавиме сите Мислења за Соработник кои ги исполнуваат следниве критериуми:
- Се напишани од Корисник кој ги има користено услугите или производите од нашиот Соработник.
- Се напишани од Корисник кој може да потврди дека има или имал договор со конкретниот Соработник.
- Мислењето е напишано без навредливи зборови.
Го задржуваме правото за преземање на чекори за потврдување на погоре опишаното.
Посетителите кои сакаат да остават мислења треба да креираат профил и на тој начин да станат Корисници на нашите Услуги.
Мислењата не смеат да содржат имиња или други лични податоци или информации за Соработникот или негови вработени . Доколку не се почитува ова, вашето мислење нема да биде споделено или би било избришано.
Барање за бришење на Мислење
Од страна на Корисник
Мислењето ќе биде отстрането од нашата платформа кога Корисникот кој го напишал побара да се одстрани истото
Од страна на Соработник
Мислење ќе биде избришано по барање од страна на Соработник во следниве случаи:
-
- Мислењето е напишано од Корисник кој ги нема користено услугите на Соработникот.
- Има судско решение за бришење на мислењето.
- Мислењето не е поврзано со услугата или производот на Соработникот.
- Мислењето е пишано како второ од ист Корисник.
Доколку Мислењето не ги исполнува овие критериуми, базирајќи се на законот за Клевета, ние ќе преземеме соодветни постапки во даден временски период и ќе го известиме Соработникот за неговото барање за бришењето на одредено мислење.
Заштита на Интелектуална сопственост
Нашата платформа содржи материјали, име, трговска марка, лого, код кои се дел од интелектуална сопственост и се заштитени со тоа.
Немате право да менувате, копирате, дистрибуирате на било каков начин материјали кои се дел од нашата платформа и Услуги.
Немате право да користите материјали од нашите Услуги доколку не сте овластени за ова.
Немате право да регистрирате бренд или трговска марка со истото име како нашето.
Материјали и информации дадени од нашите Соработници
Секој Соработник се обврзува дека за сите дадените материјали, текстови, фотографии, видеа, ги поседува авторските права и има интелектуална сопственост над нив или има право да ги користи.
Со праќање и постирање на материјалите дадени од ваша страна вие гарантирате дека за истите ги поседувате авторките права за користење.
Соработниците се единствено одговорни за содржината, материјалите, фотографиите, видеата, кои ни ги праќаат за користење за нивните профили. Ние не ги контролираме авторките права и точноста на информациите и материјалите кои се доставени.
Секој Соработник презема целосна правна и кривична одговорност за сите загуби и трошоци кои може да произлезат заради постирање на нашата платформа и Услуги, материјали, содржини, фотографии, видеа и друго кои ги има доставено за креирање на профилот или други потреби за маркетинг.
За секоја претставка поднесена од трети лица за заштита на авторките права и интелектуална сопственост ,ние сме должни да реагираме. Па обратете посебно внимание при праќање на материјали и содржини.
Право на користење на вашите материјали – пренос на авторки права
Со праќање на вашите материјали, содржини, фотографии, видеа за кои поседувате авторки права и прифаќање на нашата Политика за користење на Услугите се обрзувате да ги пренесете тие права за користење и на нас.
Вие се обврзувате да Ние ги користиме тие материјали за наши потреби за презентирање, маркетинг, објави на нашата платформа, објави на социјални мрежи и слично.
Се обврзувате да ние направиме архивирање на истите материјали и ги користиме по потреба.
Ние сакаме да нашите Членови ни испраќаат материјали кои може да ги користиме за заеднички интерес.
Правила за праќање на материјали
Со користење на нашите Услуги вие се обврзувате да не ни испраќате материјали за кои знаете дека се неточни и немате авторки права за истите.
Се согласувате да не праќате материјали и содржини кои:
- Може да предизвикаат било каква штета, загуба, повреда или емоционално вознемирување на било кое правно или физичко лице.
- Може да се навредливи, дискриминирачки, ја нарушуваат личната приватност или правата на поединецот, се сексуално експлицитни, заканувачки и слично.
- Создава било каква одговорност за нас.
- Се прекршуваат закони или регулативи.
- Може да предизвикаат штета во нашиот систем, како спам, вируси, скрипти.
- Содржат лични информации за вас или трети лица и нарушуваат туѓа приватност.
- Имаат информации кои не треба да се прикажуваат јавно.
- Се рекламираат производи или услуги на трети лица, или друг бизнис, или се рекламираат сосема други услуги и производи од нашите Услуги.
- Материјали кои може да го оптоварат нашиот систем или евентуално да нанесат штета.
- Ги повредуваат авторките права на трети лица и нивната интелектуална сопственост.
Ние имаме право, но немаме обврска да контролираме дали испратените ваши материјали ги прекршуваат дадените услови.
Вие се согласувате дека во било која претставка од трети лица за прекршување на нашите Услови, на одредено законско решение и закон, авторско право, загрозување на приватност и слично, заради пратени материјали, не сносиме никаква одговорност, ами дека одговорноста е само до Соработникот кој ги има пратено материјалите.
Доколку било кое трето лице реагира со претставка кон нас ние го почитуваме тоа правo, но не сносиме правна или кривична одговорност за акциите на Соработник.
Промени во Услугите
Заради подобро корисничко искуство на нашите Услуги, ние постојано го тестираме и надградуваме нашиот систем. Заради овие причини може некогаш да настане прекин во Услугите за кој не сме должни да ги известиме Членовите.
Ние не сносиме никаква одговорност ако заради подобрување на нашиот систем и прекин на Услугите вие изгубите доверливи информации за најава на вашиот профил или други информации. Значи секогаш треба да имате заштита на сите битни информации или да имате копија од нив.
Плаќања
Посетители и Корисници
Користењето на платформата и алатките на неа, како и сите наши Услуги (освен за веб продавницата и свадбен сајт), се бесплатни . Користењето на Веб продавницата и свадбен сајт ќе биде опишано последователно.
Соработници
Соработниците за да креираат профил за презентирање на своите услуги или производи одбираат платен пакет на услуга и тоа:
Основен Пакет – кој ги има следниве функции и опции:
-
-
- Контакт форма за комуникација
- Линкови до социјални мрежи и веб страна
- Галерија ( до 30 фотографии и 2 видеа)
- Презентирање во 1 регион, со опција за избор на повеќе
- Интерактивна мапа
- Мислења од клиенти (опционално)
-
Стандарден Пакет – кој ги има следниве функции и опции:
-
-
- Контакт форма за комуникација
- Линкови до социјални мрежи и веб страна
- Галерија ( до 50 фотографии и 4 видеа)
- Презентирање во 2 региони, со опција за избор на повеќе
- Интерактивна мапа
- Мислења од клиенти (опционално)
- Маркетинг – опции по избор
- Повисоко рангирање при пребарување
- Означување на профилот во објави на Реални свадби – БЛОГ
- Објави на социјални мрежи
-
Премиум Пакет – кој ги има следниве функции и опции:
-
-
- Контакт форма за комуникација
- Линкови до социјални мрежи и веб страна
- Галерија ( до 100 фотографии и 10 видеа)
- Презентирање во сите региони или по избор
- Интерактивна мапа
- Мислења од клиенти (опционално)
- Маркетинг – опции по избор
- Најдобро рангирање при пребарување
- Означување на профилот во објави на Реални свадби – БЛОГ
- Објави на социјални мрежи
- Означување на профилот при објави во блог пост во ИДЕИ
- Креирање на Едиториал
-
За сите овие пакети е заедничко да сите имаат стартна цена, а тоа значи дека крајната цена зависи од изборот на прикажување во региони, одбир на маркетинг, и објави на социјални мрежи.
Може да се одберат и дополнителни услуги кои не мора да се дел од одбраниот пакет и тие се фактурираат посебно.
Услугите од наша страна ќе се сметаат за активирани по примената уплата прво по издадена профактура. По примената на уплатата на средства, се креира фактура која ја добивате и се врши активирање на пакет услугата.
При прекршување на Условите за користење на услугата и има бришење на вашиот профил или суспендирање, уплатените средства не се рефундираат.
Може и да се договорат со нас за конкретни маркетинг решенија или купување на рекламен простор, позиција на платформата или други маркетинг услуги.
Соработниците доколку се нови на платформата може да добијат и бесплатен период од 3 до 6 месеци, но со обврска за 1 година, пресметани на месечно ниво ама наплатени како целина годишно.
При промена на цена на услугите кои ги нудиме, нема промени во веќе договорените пакети до истекување на периодот на договорената обврска.
Реални свадби – Блог
Реална свадба – Блог, е објава на нашата платформа и социјални мрежи на реална свадба која се има случено преку фотографии, видео и текстуален опис. Истата има за цел да ја претстави работата на Соработник или група од Соработници кои имаат учествувано во истата свадба.
Материјалите во Реална свадба, се поставуваат по одреден редослед за да се запази целината и да се доловат моменти од реализација на една свадба а со тоа и се покаже услугата и производот на Соработниците.
Реална свадба може да публикуваат, објават:
- Млади, младоженец или невеста – сопствена свадба.
- Фотограф кој ја има фотографирано свадбата и има право да ја публикува, постира јавно.
- Други Соработници како свадбени планери, Свадбена локација или други кои ги имат правата да ги користат материјалите од посочена свадба.
Услови за публикување на Реална свадба од страна на младоженец или невеста:
-
- Фотографиите се од нивна свадбена прослава
- Имаат право да материјалите (фотографии, видеа …) да ги користат за публикација.
- Минимум еден од давателите на услуги или производи е Соработник, а тоа треба да е Соработник од Фотографија и видео.
- Со таа публикација не се нарушуваат правата на приватност или правата на поединецот.
Доколку Креаторот (младоженец или невеста) сака да и други даватели на услуги се дел од оваа публикација пожелно е да ги извести нив и тие да не контактираат или да станат наши Соработници.
Услови за публикување на Реална свадба од страна на Соработник – Фотографија и видео:
-
- Како пакет е избран Стандард или Премиум пакет на услуга кој вклучува објави на Реални свадби за Соработници – Фотографија и видео.
- Реалната свадба која се публикува е негова.
- Не постои пречка, спор од страна на лица кои се дел од таа публикација
- Со таа публикација не се нарушуваат правата на приватност или правата на поединецот. Соработникот треба да има право да ги користи материјалите за публикации и свое портфолио.
- Да го гарантира правото за означување и на други Соработници кои се дел од таа свадба и го имаат соодветниот Пакет (Стандард и Премиум)
- Да го гарантира правото за означување на Соработници кои потврдуваат дека се биле дел од таа свадба, а Креаторот немал знаење дека се.
Услови за публикување на Реална свадба од страна на други Соработници:
-
- Ги поседуваат правата за користење на материјалите од Реалната свадба
- Ги прифаќа опишаните услови погоре кои важат за другите Креатори.
Ние го задржуваме правото да го прифатиме или не, барањето за публикување на одредена Реална свадба без разлика и дали ги исполнува погоре опишаните услови.
За креирање на Реална свадба публикација важат сите услови и прописи кои се дел од Условите за користење на услугата.
Блог пост – Идеи
Креирањето на блог пост во сегментот на Идеи во платформата е со цел да на посетителите, корисниците им се предлагаат идеи, сугестии, предлози и друго за планирање, реализација на својот свадбен ден. Исто и за презентирање на одредени услуги и производи кои ги нудат нашите Соработници.
Соработниците може да учествуваат во креирањето на даден блог пост со обезбедување на материјали, ако пакетот на услуга им го дозволува тоа или преку договор со нас земат учество во таа публикација.
Некогаш трети лица може да креираат блог пост заради маркетиншки цели со договор со нас.
За креирање на блог пост важат сите услови и прописи кои се дел од Условите за користење на услугата.
Купони, попусти и промоции
Со користење на нашите Услуги се согласувате да ви испраќаме купони, рекламни материјали за промоции, попусти за наши производи и услуги, како и за производи и услуги од наши Соработници.
Соработниците имаат право периодично и по нивна потреба и политика на работа да креираат купони, промоции, попусти кои може да се поставени на нивниот профил кои вие може да ги искористите.
За нивното користење и преземање исто важат овие Услови за користење на услугата.
Не даваме гаранции
Не гарантираме за квалитетот на производите и услугите кои нашите Соработници ги имаат презентирано во нивниот профил на нашата платформа и Услуги.
Не сносиме никаква одговорност за начинот на комуникација помеѓу Корисници и Соработници.
Не сносиме никаква одговорност за било какви трансакции на средства помеѓу Корисник и Соработник.
Не гарантираме за законска, правна состојба на Соработниците.
Не носиме никаква одговорност за професионалноста, коректност на Соработниците и начинот на нивната работа.
Не сносиме никаква одговорност дека Соработниците ќе се достапни цело време
Не сносиме одговорност дека Соработниците ќе задоволат одредени барања или резултати
Не сносиме одговорност дека информациите кај Соработниците се секогаш точни, сито и за Корисниците.
Не сносиме одговорност за информациите кои ги споделувате со Соработниците дека нема да се искористат од трети лица
Не сносиме никаква одговорност за содржината на линкуваните социјални мрежи, веб страна дадени од страна на Соработниците а се наоѓаат на нашата платформа во нивните профили или за нивната безбедност.
Иако се трудиме да ги проверуваме нашите Соработници и нивните материјали, не можеме да гарантираме ништо за нив и за материјалите кои ни ги дават.
Ограничена одговорност
Во никој случај ние не сме одговорни за никаква штета или ризик предизвикана помеѓу Корисник и Соработник преку нашата платформа. Дали од неисполнување на обврските помеѓу нив или од било какво дејствие за кое тие меѓусебно имаат контактирано или договарано.
Вие како Корисник или Соработник сносите директна одговорност за своите дејствија, комуникација и трансакции.
Ние не влегуваме во било какви спорови кои може да се помеѓу Членови и немаме обврска да се мешаме во нив и да барате да интервенираме или да бидеме дел од нив.
Вие како Корисник или Соработник, не ослободувате од било каква одговорност при настанување на штета предизвикана од било која страна на Член од нашите Услуги.
Суспендирање и прекин на Услугите за Член
Сите Корисници кои не сакаат да ги користат нашите Услуги, може да побараат да им биде избришан нивниот профил.
Имаме право да го суспендираме или избришеме вашиот профил и да ја отстраниме вашата содржина и материјали, заради оправдани причини и нарушувања на нашите правила на користење.
Имаме право да го избришеме профилот на Соработник доколку не ги подмири обврските према нас или ги прекрши правилата на користење и нема право да бара рефундирање на досега уплатените средства за користење на Услугите.
Материјалите и информациите кои секој Соработник ги имал во својот профил и ги има пратено на нас, иако има бришење на неговиот профил, тие остануваат архивирани кај нас и може да се користат од наша страна.
При нарушување на Правилата за користење, најпрво може да ви испратиме известување или предупредување, или директно да извршиме суспендирање или прекин на нашите Услуги кон Член.
Одговорност и санкции
При барање од страна на Корисник или Соработник за прекин на било какви платени услуги кои ги користи на нашата платформа или во други Услуги, уплатените средства не се рефундираат.
И двете страни, ние и Член (Корисник или Соработник) се обврзуваме да секаков спор најпрво се решава на мирен начин со заемно разбирање, ама ако тоа не е остварливо надлежен е Основен суд Струмица.
Барање за повреда на авторки права и интелектуална сопственост
Имаме сериозно разбирање за заштита на авторките права и заштита на интелектуалната сопственост и ќе соработуваме со трети лица кои ќе поднесат претставка кон нас за нарушување на тие права, но не сносиме одговорност кон тие трети лица за авторки права кои се нарушени од некој Соработник.
Линкови до веб страни и социјални мрежи
На профилите на нашите Соработници има линкови до нивни веб страна и социјални мрежи. Ние не одговараме за никаков ризик или штета при посета на истите и не сносиме никаква одговорност за содржината на истите. Ние не сме одговорни за нивната достапност и нивната вистинитост или точност.
При посета на истите линкувани веб страни и социјални мрежи должни сте да ги прочитате нивните Политики за користење и правила на употреба.
Општи одредби
Се обврзувате дека во случај на било какво дејствие на спор, или претставка веднаш да не контактирате или известите.
Го задржуваме правото да ги промениме правилата за користење на нашите услуги во било кое време без да бидете известени за тоа. Ваша одговорност е да повремено проверувате за потенцијални измени.
Се согласувате дека со користење на нашите Услуги не очекувате од нас да вршиме посредување помеѓу Корисник и Соработник и дека не сме овде никаков договарач на услуги помеѓу Членови. И немате право да барате обештетување од наша страна за спорови кои ќе произлезат меѓу Членови.
Условите за користење на услугата не се однесуваат на трети лица, ами на односот помеѓу нас и Членовите (Посетители, Корисници, Соработници и Креатори)
Неможноста да се спроведе некоја од уредбите на овие Услови во дадено или одредено време, нема да се толкува како откажување од истата.
Доколку се утврди дека некоја од уредбите во овие Услови е незаконска тоа нема да влијае на важноста на другите Услови за користење.
Доколку во случај на спор, повисока инстанца како суд донесе решение кое е над нашите Услови, тогаш таа уредба има поголема сила.
Овие Услови на Користење и сите дополнителни уредби кои се наведени овде и на платформата ourwedding.mk или се применуваат во нашите Услуги, го сочинуваат договорот меѓу нас и Членовите (Посетители, Корисници и Соработници).