Свадбена локација по регион, град
Пронајдете ја вашата свадбена локација според вашите потреби.
Разгледајте ги различните стилови на свадбени локации и одберете што е најдобро за вас.
Ресторани
Хотели
Шатори
Винарии
Свадбени вили
Најдете ја локацијата која најмногу одговара на вашиот стил
Неколку совети за одбирање на Свадбена локација за вашата свадба
Планирате да правите свадба и треба да сте свесни дека изборот на свадбена локација треба да е прв на вашата листа. Кога доаѓа збор за одбирање на свадбена локација има многу нешта за кои треба да се обрне внимание. За да се пронајде најдобрата локација, треба да се размисли за посакуваниот стил, самата местоположба, транспортот до неа, евентулно сместување на гостите, вашиот буџет … Треба да го разгледате менито, што се нуди во пакет и дали тоа одговара на вас како идни младоженци. Дозволете да ви помогнеме со овие неколку насоки за избор на свадбена локација.
Свадбена локација која одговара на вашиот стил. Дали сакате свадба на отворено, елегантна мала свадба, голем ресторан со убав дел за прием на гости, свадбена вила, винарија ... Најпрво треба да го дефинирате вашиот вкус и стил и пребарувањето да го насочите според истиот.
Кое време во планирањето на свадбата треба да се резервира свадбената локација. Штом го знаете периодот, сезоната или датата за правење на вашата свадба, вашиот буџет, оптимален број на гости, треба веднаш да започнете со разгледување на свадбени локации, бидејќи за некои од нив има голем интерес.
Ова ќе ви даде доволно време да решите се што ќе ви е потребно за вашиот голем ден, а одбирањето на свадбена локација е најважното нешто, првото кое треба да го дефинирате.
Проверете го капацитетот на локацијата. Дефинирајте оптимален број на гости и според ова пребарувајте ја вашата свадбена локација. Ова е важно за да вашите гости ја имаат потребната комоција.
Договорете состанок за разгледување и дефинирање на условите. Секако ќе барате препораки, или сте биле гостин на свадба во некоја свадбена локација. Но, ова не е доволно за да резервирате. Штом се мислите помеѓу неколку локации, договорете состанок. На истиот ќе ја разгледате локацијата, местото за прием, делот за забава и ќе ги дефинирате условите. Некои свадбени локации имаат и простор за организирање на церемонија за матично (граѓански брак), место за коктел, некои имаат одредени лимитации како употреба на пиротехника. Убаво е да имате преглед што е возможно а што не во вашето планирање.
Побарајте преглед на менито и услугите кои ги нуди локацијата. За разлика од класичното мени за свадба (порција за секој), голем дел од локациите имаат збогатени варијации за послужување на храна и пијалоци за вашите гости. Ако имате замислено дел за коктел со гостите дефинираје го и ова и разгледајте опции за истото.
Побарајте понуда. Штом одберете мени и дел од услугите кои ги нуди свадбената локација дефинирајте цена за истите. Имајте отворена комуникација, сепак ова е вашиот голем ден. Она што го имате замилено за динамиката и реализацијата треба да одговара и за свадбената локација.
Дефинирајте го начинот на плаќање. Капар, рокови за исплата, како и цена за дополнителни услуги, сето ова треба да се дефинира при резервацијата.
Најчесто првата импресија е најбитна. Уште при првата презентација на некоја свадбена локација верувајте на вашиот инстинкт. Првиот впечаток е доста битен. Разгледајте и мислења за истата и искуства од други кои својот голем ден го имаат организирано на истата локација.
Поставете ги сите потребни прашања. За да го направите вистинскиот избор за кој нема да се двоумите, овде на нашата платформа има многу прегледи за свадбени локации, со опис на нивните услуги, капацитети, презентациони фотографии и видеа.
Најдете ја идеалната Свадбена локација
Пронаоѓање на свадбена локација е полесно од тоа што си мислите. Дали пребарувате ресторан за свадба, елегантна свадбена вила која ќе одговара според сезоната, винарија … каква и да е вашата замисла овде на Ourwedding ви ги прикажуваме најдобрите кои одговараат според вашите потреби.
Изборот на права локација е лесен. Едноставно одберете каков тип на свадбена локација барате, на кое место барате и ја имате правата селекција. Можете да го дефинирате вашето пребарување со филтрите на платформата за капацитетот на гости, локација, цена и поволностите кои ги нуди локација.
ЧПП при избор за избор на свадбена локација
За да ја изберете вашата свадбена локација треба да си поставите неколку прашања. На пример: Каков стил на свадба сакаме? Колку гости ќе поканиме? Колку ни е буџетот?
Во зависнот од одговорите, почнете го пребарувањето со дадените филтри на платформата. Прочитајте го описот кој го има свадбената локација, какво мени и услуги нудат. Разгледајте ги нивните презентациони видеа и фотографии и доколку сте заинтересирани за истата пратете им барање за одредена дата или сезона.
Штом дефинирате сезона или конкретна дата, првиот избор за вашата свадба треба да е свадбената локација. Значи однапред минимум 12 – 15 месеци пред да правите свадба треба ова прашање да ви е дефинирано. За голем дел од свадбените локации има голем интерес, имајте го ова во предвид.
Има различни типови на свадбени локации за секој иден пар. На пример: планирате традиционална голема свадба, ние ви препорачуваме класична свадбена сала, ресторан, хотел. Планирате модерна интимна мала свадба, имаме избор на свадбени вили, ресторани.Сакате нешто различно, барајте свадбена локација за на отворено, свадбена вила со прекрасен поглед ...
Секоја свадба е уникатна , но сите имаат заеднички моменти . Најчесто на свадбената локација, младоженците доаѓаат после фотосесијата. Најпрво имаме прием на гостите и фотографирање со истите за да имат спомен од свадбениот ден.Почеток на свадбата со влегување на младите и нивниот свадбен танц, многу забава и играње, вечера , сечење на тортата, фрлање на бидермаерот ....
Да. Секоја свадбена локација дефинира колку минумум гости се потребни за вашата свадба да се организира кај нив.
Максималниот број на гости за свадбена локација зависи од површината со која располага истата, а се разбира и со капацитетот потребен за да опстојат истите со храна и пијалоци. Секој гост на вашата свадба треба да се чуствува комфорен и задоволен од свадбената локација.
Да. Голем дел од свадбените локации имаат дел од нивиот простор на отворено или во внатрешноста каде може да ја организирате оваа церемонија.
Ова зависи од политиката на секоја свадбена локација. Некои бараат да се дефинира ова уште при резервацијата, а некои најкасно неколку денови пред самата свадба. Битно е да ги имате во предвид сите опции кои ви се нудат од нивна страна за да имате задоволни гости.
Присуството на свадбената локација е во минимум 2 сегменти. Првото е прием кој обично трае околу 40 – 60 минути зависно од бројот на гости. Вториот е делот на почеток на свадбата и свадбената забава со сите свои моменти, со присуство до максимум 5 часа.Како трето и опционално ќе се земе во предвид дали имате организирано матично во склоп на свадбената локација, коктел за гостите или друга церемонија за која треба да се договорите дополнително за времетраењето и условите.
Колку ќе ве чини организација на свадба во одредена свадбена локација зависи од повеќе фактори. Големината на свадбата со број на гости. Во која сезона се прави и кој ден. Колку сакате да ја збогатите освен менито кое се нуди како стартна понуда. Колку од дополнителните услуги ќе користите од тие што ги нуди свадбената локација.