Маршал Тито бр. 56 Струмица info@ourwedding.mk

Art Production

  • Омилени
    • 0 ( 0 - Мислења )
    • 189 Прегледи

    За

    Раскажувачи на свадбени приказни преку фотографија и видео

        Тоа сме ние – фотографи и видеографи од Струмица кои се дефинираат како раскажувачи на приказни преку кадарот. Приказна за најубавиот ден на еден пар на наједноставен , емоционален и природен начин со репортерски , документарен стил.
        Репортажата ни дозволува да се доловат моменти, прегратки, емоции , насмевки … Моменти во кои вие како пар сте главни актери во вашата голема љубовна приказна – свадбата.

    Моменти за паметење

        Нашиот приоритет е да ги документираме најзначајните моменти од вашата свадба преку слободни и спонтани кадри, бидејќи тие се тоа што ја прават големината на свадбениот ден.
        На овој начин ги ослободуваме идните млади и ги оставаме да бидат тие вистинските , без изнудени насмевки и пози. Сепак не се занимаваме само со репортажа. Има моменти на кои се посветуваме и создаваме и уметнички, артистик кадри за вас.
        Умешноста и професионалноста на еден фотограф или видеограф е во тоа да се адаптира на секој момент и да го избере најдобриот стил според истиот.

    Љубовта треба да биде една уникатна приказна.

        Ние сакаме да креираме свадбени приказни бидејќи ни ја дава слободата да се изразиме себеси , кадрирајќи лични моменти.

        Секоја свадба е уникатна приказна за еден пар и сите нивни сакани лица и гости , па ја имаме таа привилегија да црпиме инспирација од секое наше искуство.
        Знаејќи дека нашата работа – фотографија и видео ќе биде дел од нечиј живот засекогаш , ја прави нашата работа посебна.

    Услуги

    Само фотографија

    Фотографија и видео

    Стил

    Артистик

    Документарен

    ЧПП

    Кој е вашиот стил на фотографирање и свадбен филм ?

    Ние креираме фотографии во репортажен , документаристички стил, кој ни ја дава слободата да ја изразиме нашата креативност преку доловените моменти , емоции , реакции... Овој стил ни овозможува да ги зачуваме вашите драгоцени моменти кои стануваат дел од вас. Но освен овој репортажен стил за време на фотоесијата , портрети и слично може да се креираат и артистични кадри.

    Колку време пред свадбата да ве контактираме ?

    Колку порано – толку подобро! Најпожелно е една година пред вашиот голем ден (ова е битно за свадбите кои се во летната сезона). На сите наши клиенти им го даваме советот дека со самата помисла дека ќе се организира свадба , најпрво треба да се координират 3 битни елементи – свадбена локација, музика и фотографија и видео.

    Дали работите 1 свадба на дата или повеќе ?

    За да ја изразиме нашата креативност и квалитет, и да се посвети внимание кое се заслужува на еден свадбен ден , работиме само 1 свадба на дата.

    Кој ќе дојде на нашата свадба ако ве ангажираме ?

    Ние сме внатрешна екипа од 2 фотографи и 2 видеографи и сме истите кои ќе ја раскажат вашата свадбена приказна. Зависно од пакетот на услугата понекогаш ангажираме и асистенти да помагат во работните задачи.

    Работите ли свадби надвор од Струмица и вашиот регион ?

    Да. Освен во Струмица работиме и свадби во другите градови. Но сепак зависи во кој период на годината е вашето барање. За летниот период заради густината на ангажмани преферираме да сме во нашиот регион од Гевгелија, Струмица до Штип.

    Дали работите свадби во странство ?

    Да. Имаме искуство на изработени свадби во Швајцарија , Германија , Бугарија. Слободно разгледајте во нашето портфолио.

    Дали работите само фотографија или како комплет услуга фотогарфија и видео?

    Преферираме да работиме како тим. За барања само за фотографирање може да не ангажирате кога е надвор од сезона.

    Колку свадби работите годишно ?

    Квалитетот е обратно пропорционален од квантитетот. Тоа треба да го знаете. За да се задржи квалитетот на услугата и да бидеме креативни и да дадеме посебно внимание на секоја свадба работиме од 30 до максимум 50 свадби годишно.

    Дали има лимит колку фотографии ќе добиеме ?

    Со оглед на природата на услугата фотографирање , не е можно однапред да се дефинира колку фотографии ќе добиете.

    Дали има лимит колкава ќе е должината на свадбеното видео ?

    Веќе подолго време се бориме со мислењето дека е потребно да се даде се во едно свадбено видео. Од искуство согледуваме дека ако е долго свадбеното видео дека тоа воопшто не се гледа целото. Најдобро е да добиете видео материјал со должина од 1.5 – 3 часа времетраење за цела свадба. Замислете си еден филм кој го гледате со разлика дека ова е филм за вашата свадбена приказна.

    Дали израборувате кратко видео - higlight ?

    Да. При било каков пакет на видео услуга правиме кратко видео.

    Постпродукција , што е тоа?

    Постпродукцијата или обработка е моментот на магија во нашата работа. Целата убавина на еден кадар е составена од 2 елементи. Неговото креирање и обработката со која се истакнува.

    Кога ќе ги добиеме материјалите од нашата свадба?

    Времето за доставување на готовите материјали зависи од периодот кога е правена вашата свадба. За првата половина на годината рокот за изработка е минимум 1 месец , а за втората половина на годината заради повеќето барања за ангажмани рокот е минимум 2 месеци. Овие рокови се бидејќи за се што е убаво потребно е посветеност и внимание. Треба да се направи најпрво селекција на кадрите , тие да се едитират (постпродукција) за да се добие еден комплетен производ – вашата свадбена приказна.

    Дали правите одреден тип на фотографии или кадри , по наше барање ?

    Доколку вие како пар имате одредени барања , ние како тим ќе процениме дали е можно да се исполни тоа.

    Што е најдобро да се избере од вашите услуги, пакети ?

    На сите наши идни клиенти кога започнуваме разговор за нашите услуги најпрво им поставувам неколку прашања. Како е планирана вашата свадба? Што ќе има на вашата свадба? Дали ќе биде традиционална или модерна? Каков тип на фотографии или видео сакате? ... Со поставување на овие прашања и други, креираме визија за вашата свадба и самиот разговор одредува што е најдобро за вас од понудените наши услуги.

    Колку чини да ве ангажираме за вашата свадба?

    Колку чини една кола? Сигурно на ова ќе дадете одговор дека зависи од моделот, бојата, перформансите и слично. И нашата услуга зависи од повеќе услови ! Времетраењето на ангажманот , што сакате да имате како краен производ, големината на ангажираната екипа ... Немаме дефинирани фиксни цени на услуги и пакети. Се се дефинира со разговор за потребите и барањата од страна на клиентите.

    Кои се условите за да се смета дека е една свадба резервирана?

    Фотографот и видео операторот или општо, екипата за документирање на вашата свадба се тие со кои најмногу време ќе поминете заедно од сите кои ќе ги ангажирате за вашиот голем ден. Најбитно е најпрво да почуствувате поврзаност и доверба , и штом дефинирате дека сме ние вистинскиот избор за вас одиме на избор на соодветни пакети или услуги. Сето тоа го финализираме со договор во писмена форма и се остава капар во висина од 30 % од договорената цена на услуга.

    Напишете мислење

    Квалитет на услуга
    Време на одговор
    Професионалност
    Флексибилност
    Вредност(цена/квалитет)

    Локација

    This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.