Маршал Тито бр. 56 Струмица info@ourwedding.mk

Козметичко студио – Рефреш

  • Favorite
    • 0 ( 0 - Reviews )
    • 74 View

    About

    Козметичкото студио Рефреш постои од 15.09.2013 година. Се занимаваме со броен вид на козметички услуги :
    Шминка, Маникир, Педикир, Депилација, Третмани за лице, Третмани за слабеење и анти-целулитни третмани.
    Наша обврска е, на вашите посебни денови вие да изгледате совршено. Ова го овозможуваме со бројни услуги кои ви се достапни како припрема да се чувствувате прекрасно и посебно.

    Пред вашата свадба, ви нудиме:
    Хигиенски третман за лице

    Недела дена пред вашата свадба, се прави хигиенски третман на лице кој ја хидрира кожата, ги остранува мртвите клетки и ви дава посебен сјај и мазна кожа. Се работи со професионална козметика од линијата на Julliete Armand.

    Третмани за слабеење и анти-целулитни третмани

    Вишокот масти, вода и целулитот се проблем кој што се јавува кај секоја жена. Ваквиот проблем ние го решаваме со бројни третмани за слабеење (детокс) и анти-целулитни третмани како Мадеротерапија, Бразилска Мадеротерапија, Пилинзи, Лимфна дренажа и многу други. Најважно е да блескате со самодоверба!

    Маникир и Педикир

    Убаво средените нокти изгледаат префинето на секоја жена, доколку се направени професионално. Од посебно значење е маникирот и педикирот на свадбениот ден, за кој Тимот на Рефреш ве осигурува дека ќе е беспрекорен. Се работи исклучиво со врвна козметика од линијата на Magnetic, Cuccio Naturale, Bluesky, VictoriaVynn.

    Депилација

    За совршено мазна и негувана кожа, Тимот на Рефреш ви нуди целосна депилација. Брзо, речиси безболно отстранување на влакната со ладен восок од брендовите ItalWax и Depilieve.

    На самиот ден на свадбата, имаме голема задача:

    Шминка

    Препуштете се на нашата професионалност и изгледајте извонредно. Професионалната шминка за невеста е индивидуална за секоја од вас, според сопствената замисла, а секоја една е совршена. Со професионална козметика од Kryolan ви гарантираме дека шминката ќе ви остане иста до крајот на вашата ноќ.

    После свадбата:
    Масажа

    Знаеме колку е голем стресот околу обврските за свадба, а сега кога се заврши, Тим Рефреш ви нуди Релаксирачка Анти-Стрес Масажа на цело тело. Масажата е во времетраење од еден час, со масло од Лаванда од Afrodita кое дополнително опушта.

    Faq’s

    Колку време пред самата свадба треба да се направи третман на лице?

    - Две недели до десет дена, поради чувствителноста на кожата, предизвиканата хиперемија и фактот дека целосниот ефект се гледа после десетина дена.

    Дали е проблем пред свадбата да се направи третман?

    - Препорачливо е пред свадбата да се направи консултација, да го утврдиме типот на кожа и потребата, па врз основa на тоа да одлучиме кога е најповолно да се направи третманот.

    Дали од надоградба на нокти се оштетуваат природните нокти на клиентот?

    - Поради професионалната изработка и квалитетот на производите во Козметичкиот Салон Рефреш не е возможно оштетување, туку напротив, се заштитува ноктот на клиентот се додека имаме заедничка соработка со истиот. Постојат и третмани за третирање на оштетени нокти или природно слаби нокти.

    На колку време е потребно да се прави педикир?

    - Наша препорака е на четири недели, во сончевите периоди, а кога се носат затворени обувки, слободно може да се прави на 8 недели без да се оштетат или искршат ноктите.

    Со кои брендови се работи при правење на педикир?

    - Cuccio Naturale има посебна линија за педикир, со која што ви гарантираме мазни, меки и оддржувани стапала.

    Дали се прави педикир со grater или blade?

    - Работиме со Grater (ренде). Се работи рачно и се исфрла тврдата кожа од стапалата. Овој метод го работиме за да се достигне долготраен ефект.

    Дали се депилира со ладен или топол восок?

    - Се депилира со ладен восок, на овој начин сите потребни инструменти за работа се за една употреба, по што се фрлаат. Овој е нај хигиенски пристап кон депилацијата, значително на интима.

    Кои се хигиенските мерки за време на депилација?

    - Како за почеток, се работи со различни восоци за интима и другите делови од телото, при што восокот за интима е со анестетско дејство и овозможува скоро безболна депилација. Сите инструменти потребни за работа се за една употреба и се грижиме да се спроведува третманот во чиста и дезинфицирана средина.

    Со кој бренд на пудра се изработува професионалната шминка?

    - Kryolan. Од самиот прајмер, пудра и се останато што користиме е од оваа линија. Пудрата на Kryolan е една од нај покривните и истрајни пудри на пазарот. Користејки ја оваа линија добиваме беспрекорна покривност и истрајност на шминката.

    Дали пред шминката треба да ја подготвам кожата на некој начин?

    - Кога се закажува терминот за шминка, што понекогаш може да биде и десетина месеци пред големиот ден, најдобро е да се направи консултација, каде што ќе одлучиме дали, кога и каков третман на лицето да се направи. Ние сме тука за вас од припремата - третманот на лице се до финалниот резултат -шминката.

    Write A Review

    Quality Service
    Facilities
    Staff
    Flexibility
    Value of money

    Location

    ул. Боро Џони бр.1

    Our Wedding © 2025 All Rights Reserved.
    This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.