About
Козметичкото студио Рефреш постои од 15.09. 2013 година. Се занимаваме со броен вид на козметички услуги :
Шминка, Маникир, Педикир, Депилација, Третмани за лице, Третмани за слабеење и анти-целулитни третмани.
Наша обврска е, на вашите посебни денови вие да изгледате совршено. Ова го овозможуваме со бројни услуги кои ви се достапни како припрема да се чувствувате прекрасно и посебно.
Овде, ќе се фокусираме на делот за шминка.
Шминка
Препуштете се на нашата професионалност и изгледајте извонредно. Професионалната шминка за невеста е индивидуална за секоја од вас, според сопствената замисла, а секоја една е совршена. Со професионална козметика од Kryolan ви гарантираме дека шминката ќе ви остане иста до крајот на вашата ноќ.
Faq’s
Со кој бренд на пудра се изработува професионалната шминка?
- Kryolan. Од самиот прајмер, пудра и се останато што користиме е од оваа линија. Пудрата на Kryolan е една од нај покривните и истрајни пудри на пазарот. Користејки ја оваа линија добиваме беспрекорна покривност и истрајност на шминката.
Дали пред шминката треба да ја подготвам кожата на некој начин?
- Кога се закажува терминот за шминка, што понекогаш може да биде и десетина месеци пред големиот ден, најдобро е да се направи консултација, каде што ќе одлучиме дали, кога и каков третман на лицето да се направи. Ние сме тука за вас од припремата - третманот на лице се до финалниот резултат -шминката.
Дали е проблем доколку невестата има Надградба на Трепки или Lash Lift?
- Нашата работа ќе биде отежната, а и нема да можеме да гарантираме за квалитетот на финалниот изглед. Затоа наша препорака е да дојдете природни, без никакви додатоци или измени на вашето лице.