About
Замислете енергична комбинација на класика и модерни ритами – виолина што свири со енергија и емоција, и диџеј кој со секој бит ја подигнува атмосферата! Ике де Кока е музичка група создадена за оние што сакаат повеќе од обична забава – тие носат незаборавно искуство !
Совршено избалансиран спој на елеганцијата на виолината и динамиката на диџеј сетот создава магија на свадби, родендени и приватни забави. Од нежни, романтични мелодии за првиот танц до експлозивни хитови што ве тераат да играте до зори – ние знаеме како да ја држиме публиката во движење.
Без разлика дали сакате класична музика или модерен и енергичен ритам со виолина , како и клуб музика на ласерска харфа , ние гарантираме шоу што долго ќе се памети. Подгответе се за ноќ полна енергија, емоции и ритам што го освојува срцето!