About
Ние сме уметници за невестинска шминка и фризура со седиште во Струмица. Нашата цел е да создадеме изглед кој ќе ја истакне Вашата природна убавина, елеганција и самодоверба во најзначајниот ден во Вашиот живот.
Секоја невестаима своја приказна, своја визија за совршениот изглед. Нашата мисија е да ја преточиме Вашата визија во реалност со шминка и фризура кои не само што ќе одговараат на вашиот карактер и стил, туку и ќе ви овозможат да блескате пред сите.
Со нашето искуство Ние знаеме како да создадеме изглед кој ќе биде истовремено безвременски и модерен, а Вие да се чуствувате удобно и прекрасно во текот на целиот ден.
Наш стил !
Нашиот стил е комбинација од елеганција, префинетост и природна убавина. Ние не гледаме на шминката и фризурата само како изглед за нас тоа е начин да ја раскажеме Вашата приказна. Секој потег на четка и секоја насока на прамен коса ја носат Вашата приказна и го прават моментот уште посебен.
Зошто нас ?
- Персонализаиран пристап до секоја невеста
- Внимателно слушање на Вашите желби и визија
- Врвни техники и современи трендови
- По договор овозможуваме и услуга на терен
- Издржлив изглед кој трае од првиот , па се до последниот момент на свадбата
- Професионалност, топлина и посветеност
Секоја невеста заслужува да се чувствува како најубавата верзија од себе на својот ден.
Затоа Нашата задача е тоа да го направиме возможно.