About
Вашата свадба е единствена приказна – ние ја раскажуваме преку цвеќе.
Во Jana Botanical Studio креираме свадбени цветни аранжмани со внимание, стил и емоција. Секој дизајн е внимателно осмислен за
да го одрази вашиот карактер, темата на свадбата и атмосферата што ја замислувате за вашиот голем ден.
Што нудиме:
- Букет за невеста – уникатен, рачно изработен
- Декорација за црква и матично
- Цветни аранжмани за маси и свечени простори
- Реверчиња, корсажи и мали цветни детали
- Персонализиран свадбен дизајн според стил, боја и тема
Работиме со свежо и внимателно одбрано цвеќе, комбинирајќи класична елеганција со современ пристап.
Нашиот пристап
Секој проект започнува со лична консултација, каде што ги слушаме вашите желби и идеи.
Нашата цел е да создадеме хармоничен и естетски изглед кој ќе го надополни вашиот свадбен ден без стрес и грижи.