Се што е потребно за да бидете невеста како што сте сонувале
Невестински фустани и додатоци
Погледни ја листата на продавници за невестински фустани и додатоци по региони и пронајди го фустанот од твоите соништа
Пребарувај
Невестински фустани и додатоци по региони
Обувки
Блесни на твојот посебен ден! Избери обувки од најснабдените продавници во Македонија
Пребарувај
Обувки по региони
Шминка и фризура
Избери ги најдобрите професионалци во професијата и изгледајте грандиозно на вашиот ден.
Пребарувај
Шминка и фризура по региони
Стилисти
Избери ги најдобрите професионалци во професијата и изгледајте грандиозно на вашиот ден
Пребарувај
Стилисти по региони
Свадбени прстени
Избери ги најдобрите професионалци во професијата и изгледајте грандиозно на вашиот ден.
Пребарувај
Свадбени прстени по региони
Накит
Блесни на твојот посебен ден! Избери накит од најснабдените продавници во Македонија!
Пребарувај
Накит по региони
Третмани за убавина
Блесни на твојот посебен ден! Избери накит од најснабдените продавници во Македонија!
Пребарувај
Третмани за убавина по региони
Совети за избор на се што е потребно на една невеста
Изборот на невестински фустан и додатоци, обувки, шминка и фризура, накит, е избор кој ќе го паметите целиот свој живот. Секое девојче од мало сонува за тој голем ден и расте со помислата за денот да биде невеста. Кажано е многу пати дека главен двигател на една свадба е невестата.
Почнете да барате невестински фустан навреме. Најдобро е 8-12 месеци пред свадбата да започнете со барање на невестински фустан. Процесот е долг, избор на правите материјали, крој, елементи, изглед... А, ако веќе имате нешто дефинирано, не губете време и направете го вистинскиот избор.
Најдете инспирации и откријте што сакате. На нашата платформа ви презентираме брендови на невестински фустани, како и компании кои вршат рачни изработки креирани според ваша потреба и желба. Секоја невеста сака да се чувствува убава во својот фустан. Најдете фустан во кој ќе се чувствувате комфорно, ќе ја рефлектитра вашата личност и стил.
Одлучете дали сакате да носите рачна изработка или бренд. Постојат повеќе ателјеа за невестински фустани во кои може да разгледате и да дефинирате една од овие опции.
Закажете средба за разгледување. Ателјеата и продавниците за невестински фустани најчесто работат на закажување. Тука може да направите проби, можни измени во дизајнот. Изборот на невестински фустан е магичен момент за кој е потребно време, а тимот на ателјето е тука за да ви дадат совети.
Изберете шминка и фризура. Кога барате услуга како шминка и фризура за вашиот голем ден на нашата платформа има голем број на даватели на овие услуги. Разгледајте ги нивните профили и закажете состанок. Прочитајте и мислења за нивните услуги. Направете си и листа на посакувани фризури или шминка за да дефинирате кој стил ќе ви одговара најмногу за вас.
Избор на накит. Изборот на накит треба да го отсликува комплетниот ваш изглед со невестинскиот фустан и да биде одраз на вашата личност.