Категории
Како да одлучите кој фотограф или фото студио е вистинскиот избор за Вашата свадба!
Најлесно е кога знаете кој стил или што очекувате од вашиот фотограф или фото студио. Но, главниот проблем е како да го пронајдете вистинскиот избор за таа цел!
Уште потешко пак е ако не знаете каков стил на фотографии сакате и што очекувате!
Ќе се потрудиме со неколку совети да ви дадам насоки како да го направите вистинскиот избор на свадбен фотограф или фото студио.
Фотографија: Foto Luna
Разгледајте портфолиа на Instagram, Facebook и веб страни
Прв чекор во потрагата на свадбен фотограф е да пребарувате на социјалните мрежи. Сигурно следите веќе некој.
Преку увид во нивната прикажана работа добивате представа за нивниот стил. Посветли и живи реални бои или темни и moody тонови, артистичен или традиционален пристап, спонтано кадрирање или наместено позирање…
Дефинирајте во чија презентирана работа се гледате вие, во каков стил, тон, пристап од нивната работа.
На нашата платформа имаме многу презентирани фотографи и фото студиа чии портфолиа или социјални мрежи може да ги разгледате.
Фотографија: Concept Production
Замислете се себеси во работата на фотографот
Можеби ви се допаѓаат различни стилови на фотографија, ама треба да знаете дека фотографирањето е одраз на тоа како личноста позади апаратот ја доживува и гледа вашата свадба преку неговите очи. Фотографијата е субјективна дејност – одраз на личноста која е позади фото апаратот.
Ако можете да се замислите себеси во работата на одреден фотограф тогаш тој е вистинскиот избор за вас. Сепак како што е и наведено погоре, секој фотограф си има свој стил, не се обидувајте да го промените истиот ами да се вклопите во него.
Фотографија: Art Production
Почуствувајте поврзаност
Вашата одлука за избор освен стилот, цената, треба повеќе да се базира и на самата личност и неговиот личен пристап кон Вас.
Фотографот од сите кои ќе ги ангажирате за вашиот голем ден е тој со кој поминувате најмногу време заедно.
Кога правите средби за да се информирате за работата на некој фотограф, обидете се да почуствувате поврзаност не само со неговата работа ами и со неговата личност како човек.
Фотографот многу често на Вашата свадба е тој кој ве бодри, ви дава сила, енергија, мотивација за да ја доживеете свадбата во најдобро светло.
Фотографија: Nikolov Production
Бидете сигурни во вашата одлука
Доколку одреден фотограф ги исполнува сите услови кои се опишани погоре, резервирајте си навреме. Не сакате да се случи да друг пар го резервира фотографот пред вас.
Добрите фотографи се резервирани дури и година дена пред самата свадба. Затоа штом дефинирате дата за свадба треба да се истражува и да се побараат понуди.
Фотографија: Luma photo video
Дополнителен совет
Изборот на фотограф треба да го третирате како инвестиција. Работата на фотографот е таа која ќе го овековечи вашиот голем ден.
Фотографот ја има најблагородната задача од сите кои ќе ги ангажирате – да создате спомени и раскаже приказна за една љубов која се крунисува со брак.