Услуги
Разгледајте свадбени услуги по категорија
Музика по региони
Фотографија и видео
Пребарајте низ најдобрите фотогарфи и видеографи кои ќе ја раскажат вашата свадбена приказна на тој голем ден.
Пребарувај
Фотографија и видео по региони
Свадбени торти и десерти
Најслатките креации за вашата свадба. Пребарајте свадбени торти, слатки и други вкусни задоволства.
Пребарувај
Свадбени торти по региони
Кетеринг
Одберете од многуте опции за кетеринг за вашите гости да имаат вкусно искуство од вашата свадба.
Пребарувај
Кетеринг услуги по региони
Свадбени декорации
Одберете најубава декорација за вашата церемонија и свадбена локација, направете ја вашата свадба уникатна.
Пребарувај
Декорирање по региони
Осветлување и ефекти
Ефекти за свадбен танц, ладен дим, пратечко светло, огномет ... Се што сакате за да имате незаборавно свадбено искуство.
Пребарувај
Осветлување и ефекти по региони
Цвеќари
Барате цвеќара која ќе ја направи вашата свадба уште поубава? Овде е вистинското место.
Пребарувај
Компании кои нудаат услуги со цвеќиња
Компании кои нудат услуги за свадбени коли и транспорт
Свадбен танц и кореографии
Изненадете ги сите пристуни со прекрасен танц и разработена кореографија.
Пребарувај
Компании кои нудаат услуги за танц и кореографија
Мобилен бар и слични услуги
Збогатете ја свадбената атмосфера со услуги на мобилни барови и додадете коктели на важата свадбена вечер.
Пребарувај
Најмете мобилен бар и други услуги
Компании или лица кои нудаат услуги за забава
Компании кои нудаат свадбени патувања
Свадбен планер
Доверете на професионален свадбен планер кој ќе ви заштеди време при организација
Пребарувај
Компании или лица кои нудаат услуги за свадбен планер
Сите професионалци кои ви се потребни за свадбата
Совети за ангажирање на даватели на услуги и производи за вашата свадба
Најпрво започнете со најбитните услуги. Изборот на свадбена локација претходно го бевме спомнале дека е на прво место во планирањето на една свадба. Откако ќе се дефинира свадбена локација потребно е во истиот момент да ги дефинирате кои музичари ќе се одговорни за свадбената забава без разлика дали станува збор за денски дел, церемонија или за во ресторан. Второ, планирајте и одберете фотографска и видео услуга. Штом ги дефинирате нив, може да поминете со другите услуги како кетеринг, изнајмување на свадбена ретро кола, декорации, цвеќиња, ефекти за церемонија и слично.
Закажете на време. Од причина што има голем интерес за одредени даватели на услуги и производи, штом имате дефинирано дата треба веднаш да започнете со ангажирање на истите.
Имајте прецизни барања и очекувања. Разговарајте отворено со давателите на услуги за вашите идеи и очекувања од нив. Стилот на фотографија, стилот на музика и очекуваната забава со најситните детали. Самата комуникација за тоа што очекувате од нив ќе ви дефинира дали се тие правиот избор за вашата свадба.
Разгледајте фотографии и видеа на нивните профили за да добиете претстава за нивната работа и дали ќе се соодветни за вашиот стил на свадба.
Давајте точни и соодветни информации. На пример: Ако имате денски дел на вашата свадба колку гости ќе имате за да тој што нуди кетеринг да знае каква услуга да ви понуди. Ако имате декорации за дома договорете разгледување на локацијата за да се има предвид што да се понуди и слично.
Потпирајте се на вашите чуства. Понекогаш при избор на некоја услуга не се базирајте само на професионализмот или цената. Чуството на поврзување со одреден давател на свадбена услуга е исто многу важно. Дека тој има разбирање за тоа како е вашата замисла. Ова особено се однесува при ангажирање за фотографија и видео, декорирање на церемонија ...
Читајте мислења пишани од претходни младоженци. Мислењата дадени од некој кој веќе го поминал патот за кој вие сега размислувате е многу битен во изборот на одреден давател на услуга или производ и одбирањето на вистинските професионалци во одредена дејност.
Напишете белешки од секој давател на услуга или производ. На Ourwedding имаме опција да креирате профил каде имате пристап до алатки кои ќе ви помогнат во планирањето на вашата свадба. Можете да водите евиденција за различни даватели што ви имат понудено или сугерирано, да си го планирате буџетот или пак да направите листа на чекори во планирањето на свадбата.
Како да ги ангажирате вистинските свадбени професионалци
Изборот на даватели на услуги и производи е клучен за успешен свадбен денАко барате даватели на услуги и производи за вашата свадба се наоѓате на вистинското место. Ourwedding ги има опфатено сите категории на даватели на услуги, а ќе добиете и идеи за услуги кои се исто добри за да се организира еден прекрасен свадбен ден.
Како да ги најдете најдобрите даватели на услуги за вашиот голем ден
Најдобар начин е да пребарате преку нашата платформа каде се опфатени сите категории според својата дејност. Фотографи, цвеќари, свадбен кетеринг, торта, десерти, декорации, ефекти, изнајмување на ретро коли за вашиот голем ден и се што може да замислите. Штом ја дефинирате датата, а со тоа и свадбената локација, разгледајте низ листата која Ourwedding ви ја нуди за да ги дефинирате преостанатите битни сегменти за вашата свадба да биде најдобро организирана и направена.